а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

движи

движат; движеле; движел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 749
1. Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува.
Англиски: move Албански: lëviz, vë në lëvizje
Примери:
Водата го движи воденичкиот камен.
2. Мрда, помрднува дел од телото.
Англиски: move Албански: lëviz, luan
Примери:
Ги движи прстите.
3. Доведува нешто во движење, насочува движење.
Англиски: move Албански: lëviz, luan
Примери:
Ги движи своите дивизии кон исток.
4. Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува.
Англиски: manage Албански: drejton, menaxhon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги движи работите во образованието.
5. (се движи) Врви, оди во некаква насока.
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Лекарот му препорача да се движи.
Камионот се движеше кон градот.
6. (се движи) Се менува во некакви граници.
Англиски: change Албански: lëviz
Примери:
Температурата се движи до дваесет степени.