а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

девојка

мн. девојки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 417
1. Лице од женски пол, младо, пораснато, неомажено.
Англиски: girl Албански: vajzë, gocë
Примери:
Таа е мирна и добра девојка.
Па, ѝ реков дека ние двајцата сме момче и девојка без разлика на тоа што таа мисли за пубертетот.
2. Млада жена што води љубов со некого.
Англиски: lover Албански: vajzë, femër
Примери:
Таа е моја девојка.
Не знаеше која да ја одбере да му биде девојка.
Моите девојки најмногу ме сакаат затоа што сум водач на банда и затоа што сум силен.
Изведенки
1. девојченце ср.
мн. девојченца
хип.
2. девојчиште ср.
мн. девојчишта
пејор.
3. девојчински прид.
девојчинскиот
Што се однесува на девојка.