делириум
мн. делириуми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13388
1.
Од различни причини (висока температура, болест, алкохол) поматеност на свеста проследена со халуцинации.
Примери:
Подолго време е во делириум.
2.
Силна возбуда, занес, одушевеност, опиеност.
Примери:
Публиката беше во делириум.
Изрази
Делириум тременс - алкохолно лудило.