длабоко
Вид збор: Прилог
Ранг: 1121
1.
Во вертикален правец, во длабочина.
Примери:
Тонеа длабоко над колениците во мекиот снег.
Спротивно од:
плитко (прил.)
2.
Во хоризонтален правец, во далечина.
Англиски:
far
Албански:
thellësisht
Длабоко зад селото се простира големо мочуриште.
3.
Одамна, далеку во временска смисла.
Албански:
thellë
Да се постави така работата, значи да се навлезе подлабоко во историјата на тој народ.
Слично со:
доцна (прил.)
4.
силно, интензивно
Примери:
Ја наведна главата и длабоко се замисли.
Длабоко го навреди.
Слично со:
многу (прил.)
Изрази
Угоре високо - удолу длабоко - безизлезна состојба.
Изведенки
длабочко прил.
дем.
дем.