доба
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2117
1.
време (обично ноќно)
Англиски:
period of time
Албански:
kohë
Од темни зори на утрини летни /
до никоја доба на вечери зимни /
тој гладно пие тагата наша /
и потта и крвта и снагата ни.
[извор]
Во оваа доба обично ја полнеше печката.
Која доба е сега?
Слично со:
време (ср.)
2.
возраст, старост
Примери:
Сега тие се во онаа доба кога силата ги напушта.
зрела доба
Изрази
Златна доба - најдобри, најуспешни години од развојот на нешто.
Глува доба - време околу полноќ, длабоко во ноќта.
Во никоја доба - многу доцна.