време
мн. времиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 29
1.
(само едн.) Една од двете (покрај просторот) основни форми на постоење на материјата.
Примери:
Времето и просторот се двете форми на постоење на материјалниот свет.
Времето не може да запре.
Спротивно од:
простор (м.)
2.
(само едн.) Траење на нешто што се случува или што постои (мерено со секунди, минути, часови, денови итн.)
Примери:
Ти давам време за починка.
Малку време се врткаше околу куќа.
По некое време тој изби во првиот ред на групата.
3.
Соодветен период, рок во којшто треба нешто да се збидне.
Англиски:
time
Остарел пред време.
Дојде време за земање.
Не е време за дождови.
Време е да се кренат, да се побунат.
Жени се, времето ти поминало!
Слично со:
период (м.)
4.
Период од историјата, период поврзан со името на некоја личност.
Англиски:
period
време на учебникарството
пагански времиња
Во времето на цар Соломон.
апостолско време
5.
Доба, период од денот, од годината.
Примери:
ноќно време, пролетно време, летно време
Време на дождови.
6.
метеоролошка состојба
Примери:
Времето се смрачи, заврна.
лапавичаво време, ведро време
Времето е ветровито, студено, променливо.
Времето беше суво.
7.
Граматичка категорија со која се определува глаголското дејство во однос на моментот на говорењето.
Примери:
минато време, сегашно време, идно време
8.
Резултат во некои спортски дисциплини.
Примери:
Маратонците постигнаа одлично време.
Изрази
Без време - мошне рано, предвреме.
Губи време - прави нешто залудно.
Во старо време - далеку во минатото, многу одамна.
Мое (твое, негово) време - на мои години, на моја младост.
Тешко време - тежок живот.
Кучешко време - многу студено време.
Ниедно (никое) време - многу доцна во ноќта.
Едно време - некогаш, одамна.
За вечни времиња - засекогаш.
Кое време е? - (разг.) колку е часот?
На времето - некогаш, многу одамна.
Од време - од некогаш, од многу одамна.
Во прво време - на почетокот.
Работно време - задолжителни работни часови.
Од време на време - понекогаш, повремено.
Ме (те, го ...) прегази времето - станал застарен, несовремен.
Време слама продава - за сè има погодно време, после може да биде доцна.
Изведенки
временце ср.
дем. и хип.
дем. и хип.