добие
добијат, добиеме; добиј, доби, добијте; добив, добивме, добија; добил; добиев, добиеја; добиел; добиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 304
1.
Прими нешто во сопственост, за користење, трошење, нешто што пред тоа не го поседувал, што некој му го дава, му го доделува, му го испраќа (на подарок, за пари или на друг начин).
Примери:
Сакаш сѐ сам да изедеш, а другите дечиња ништо да не добијат.
Можеби ќе ја добијам во мираз и оваа бавча што нѐ рани.
Тој доби една убава честитка од својот брат.
Слично со:
прими (св.)
2.
Прими (писмено или усно) некаква порака, соопштение, наредба.
Примери:
Доби задача и мораше веднаш да ја изврши.
Не доби одговор на прашањето.
3.
Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност).
Примери:
Од нашата работа добивме солидни резултати.
Слично со:
стекне (св.)
4.
Стекне, постигне, се здобие со нешто.
Примери:
Брачниот пар наскоро доби новороденче.
Тој почна да раскажува како го добил ревматизмот.
Случајот доби голем публицитет.
5.
Поприми, придобие друг лик, стане поинаков.
Примери:
Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина.
Лицето на старецот доби плачлив израз.
6.
Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи.
Примери:
Со тоа соработката доби во својот интензитет.
7.
Победи, во игра, во натпревар, во борба.
Примери:
Наредната игра од натпреварот ја доби домаќинот.
Слично со:
победи (св.)
Изведенки
1.
добива несв.
добиваат
добиваат
2.
добивање ср.
глаг. им.
глаг. им.