добро
мн. добра
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3285
1.
Сѐ што е убаво, вредно од морална гледна точка; нешто што е корисно за човекот.
Примери:
Тука се јавува вечната борба меѓу доброто и злото.
Доброто е за во срцето, лошото на нож треба да се дочека.
2.
Нешто што е извршено во полза на другите; добро дело.
Примери:
На доброто што ни го стори не требаше така да постапиш.
Слично со:
добрина (ж.)
3.
Благосостојба, безгрижен, среќен живот.
Англиски:
prosperity
Албански:
mirëqenie
Никогаш не плачеше како другите девојки и секому му сакаше добро.
Тој се бори за нивно добро, за нивното ослободување.
Слично со:
благосостојба (ж.)
4.
Културно и материјално богатство.
Примери:
Тогаш доаѓа до прераспределба на материјалните добра.
општонародно, јавно добро
5.
Во обраќање.
Ајде, добро мое!
Изрази
Дели со некого добро и зло - постојано е заедно со некого.
За кое добро? - зошто дојдовте; што има ново?
Дал ти Бог добро - поздрав.