а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доживее

доживеат; доживеј, доживејте; доживеав, доживеаја; доживеал; доживеан; (ќе) доживеев, (ќе) доживееја; (ќе) доживеел; доживеан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1383
1. За некого (во животот) или за нешто - дочека некаков настан, нешто да (му) се случи.
Англиски: experience Албански: përjetoj
Примери:
Доживеал две војни.
Романот доживеа три изданија.
2. Жив дочека до некои години, до некоја старост.
Англиски: live Албански: jetoj, arrij
Примери:
Доживеа длабока старост.
Доживеа деведесет години.
Доживеа да жени, да мажи.
3. почувствува, восприеми
Англиски: feel Албански: përjetoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие зборови ги доживеал како искрена исповед на стар пријател.
Изведенки
1. доживува несв.
доживуваат
2. доживеаност ж.
(едн.)
Својство на тоа што е доживеано.