feel - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
(се виде) Се почувствува некако.
Албански: ndihet
Примери:
Се виде себеси невеста.

доаѓа повеќе

Види и: дојде (св.)
доаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ми (ти, му...) посакува; има желба.
Албански: dëshiron
Примери:
Ми доаѓа да заплачам од радост.
обзема, исполнува
Албански: kaploj
Примери:
Одвреме-навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство.

доживее повеќе

доживеат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува, восприеми
Албански: përjetoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие зборови ги доживеал како искрена исповед на стар пријател.

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му ...) Добие некакво расположение.
Албански: i erdh
Употреба: Безлично
Примери:
Му дојде жал.

знае повеќе

знам
Вид збор: Глагол, несвршен
(обично со негација) Не чувствува, не преживува.
Албански: nuk ndjen
Примери:
Тој не знае за страв.

најде повеќе

најдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се најде) се почувствува
Албански: ndjen
Примери:
Од тоа прашање се најде навреден.

осети повеќе

осетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се осети) се почувствува
Албански: ndjehet
Примери:
Тогаш се осетив силен.

поосети повеќе

Види и: осети (св.)
се поосетат
Вид збор: Глагол, свршен
Осети, почувствува малку, донекаде.
Примери:
Се поосети здрав и веднаш излезе надвор да игра.

пофати повеќе

пофатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто.
Албански: prek, kap
Примери:
Го пофати штофот и рече дека не е волнен.

почувствува повеќе

Види и: чувствува (несв.)
почувствуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Осети нешто.
Албански: ndiej
Примери:
Почувствува болка во градите.
(се почувствува) Доживее некакво чувство.
Албански: ndiej, ndihem
Примери:
Се почувствува виновен.

преживува повеќе

преживуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се соживее, сочувствува
Примери:
Артистот треба да ја преживува својата улога.

сети повеќе

сетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сети) се почувствува
Албански: ndijej
Примери:
Тогаш се сетив силен.

стане повеќе

станат
Вид збор: Глагол, свршен
Во состав со кратка дативна заменска форма и прилог.
Употреба: Безлично
Примери:
Ми стана непријатно.

чувствува повеќе

чувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испитува, доживува некакво чувство.
Албански: ndjenë
Примери:
Чувствува радост, мака, жал, омраза и сл.
(се чувствува) Има чувство за нешто.
Албански: ndjehem
Примери:
Како се чувствуваш?