должност
мн. должности
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2149
1.
Тоа што мора или треба да се направи.
Англиски:
duty
Албански:
detyrë, obligim
Во нашата куќа мајкина должност беше да ги измолзи овците.
Секој член на организацијата треба да ги знае своите должности.
граѓанска должност
брачни должности
Слично со:
обврска (ж.)
2.
работа, служба, професија
Англиски:
duty
Албански:
detyrë, profesion
Мислеше на неговото сменување од секретарската должност.
Стапи на новата должност.