досади
досадат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20230
1.
(св.) Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив.
Примери:
Разговорите на таа тема веќе му досадија.
Му досади постојаното плачење на детето.
Тој им досадил со своите проблеми.
2.
(се досади, само несв.) Го поминува времето во досада, не знае што да прави.
Примери:
Тие се досадуваа чекајќи го да дојде.
Слично со:
здодева (несв.)
3.
(ми, ти, му...се досади) Му се здодее, му се смачи од нешто.
Примери:
Ми се досади од учење непотребни работи.
Сигурно му се досадило да седи сам дома.
5.
Сади, насади уште, дополнително.
Англиски:
plant
Покрај оградата досадил уште неколку овошки.
Изведенки
1.
досадува несв.
(се) досадуваат
(се) досадуваат
2.
досадување ср.
глаг. им.
глаг. им.