а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

досети

(се) досетат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6717
1. Сфати, погоди, одгатне нешто, ја открие смислата или значењето на нешто.
Англиски: discover Албански: kujtohet
Примери:
Се плашеше да не се досетат што наумил.
Луѓето се досетија кој е тој ќелав селанец.
Се обидуваше да се досети за што зборуваше татко му.
2. Се сети отпосле, се присети на нешто подзаборавено по извесен напор на сеќавањето.
Англиски: remember Албански: rikujtoj
Примери:
Сакаше да се досети за нешто важно.
Како да се досети за нешто, па се врати назад.
Изведенки
1. досетува несв.
(се) досетуваат
2. досеќава несв.
(се) досеќаваат
3. досетување ср.
глаг. им.
4. досеќавање ср.
глаг. им.