досети
(се) досетат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6717
1.
Сфати, погоди, одгатне нешто, ја открие смислата или значењето на нешто.
Примери:
Се плашеше да не се досетат што наумил.
Луѓето се досетија кој е тој ќелав селанец.
Се обидуваше да се досети за што зборуваше татко му.
Слично со:
сфати (св.)
2.
Се сети отпосле, се присети на нешто подзаборавено по извесен напор на сеќавањето.
Примери:
Сакаше да се досети за нешто важно.
Како да се досети за нешто, па се врати назад.
Изведенки
1.
досетува несв.
(се) досетуваат
(се) досетуваат
2.
досеќава несв.
(се) досеќаваат
(се) досеќаваат
3.
досетување ср.
глаг. им.
глаг. им.
4.
досеќавање ср.
глаг. им.
глаг. им.