древен
древни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3715
1.
Што бил, што постоел многу одамна, во далечното минато.
Англиски:
ancient
древни писатели
древни времиња
древна историја
древни ракописи
2.
Што постои или потекнува од далечното минато, од старо време.
Англиски:
age-old
древен мост
древна книга
древни легенди
древен Охрид
Слично со:
прастар (прид.)
Изведенки
древност ж.