а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

друг

други
Вид збор: Придавка
Ранг: 23
1. Не овој, не посочениот, споменатиот, туку што се разликува од него.
Англиски: other Српски: други Албански: tjetër Бугарски: друг
Примери:
Дај ми друг нож, овој не сече.
Ќе викнам друг мајстор.
Некој друг го направил ова.
Други години не било вака.
2. Инаков, поинаков, не ваков, не како посочениот.
Англиски: different Албански: i ndryshëm
Примери:
Откако се ожени, стана друг човек.
Кажи го тоа со други зборови.
Нека се разберат на друг начин.
Ова е друг свет.
3. Што останал, што не е опфатен, земен предвид, што не е поточно определен.
Англиски: other Албански: tjetër
Примери:
Тој се вратил, а другите останале.
Нека влезе и другиот.
4. Како сопоставување на еден.
Англиски: other Албански: tjetër
Примери:
Се обѕрнуваме де на едниот де на другиот.
И едните и другите се исти.
Ги реди една врз друга.
Со едната рака дава, со другата зема.
5. Што не е свој, наш, што е туѓ, непожелен да учествува во нешто.
Англиски: other Албански: tjetër
Примери:
Тоа не се зборува пред друг.
Други ни го јадат лебот.
Со други не сакам да имам работа.
6. Што е на спротивната страна, на спротивниот крај.
Англиски: other Албански: tjetër
Примери:
Се сврти на другата страна.
Помина на другата страна од реката.
Тетка му живее на другиот крај од градот.
Продавницата беше на другиот крај од улицата.
7. Што следува во однос на некој момент (во минатото или во иднината).
Англиски: other Албански: tjetër
Примери:
Чекал другиот ден пак да дојдат.
Ако не можеш тогаш, дојди другата недела.
8. За означување неопределеност, приближност во некоја проценка.
Англиски: other Албански: tjetër
Употреба: Разговорно
Примери:
Пред некоја и друга година.
Ќе почека афионот за некој ден и друг.
Се напија по некоја и друга ракија.
Изрази
(Беше) на друг ум - го промени мислењето, однесувањето.
Гледа со други очи - поинаку размислува за некого или нешто.
Со друг збор - поинаку речено.
Ако ништо друго - во крајна мера.
На друг да му кажеш - (разг.) тоа (што го велиш) не е точно, знам дека не е така.
Изведенки
друго ср.