друштво
мн. друштва
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 793
1.
Лица што имаат близок, пријателски однос и често се дружат заедно заради работа, забава, игра и сл.
Примери:
Весело друштво.
Еден од друштвото.
Не оди со такво друштво.
2.
Организација, здружение во кое членовите се здружени заради заеднички цели, задачи, интереси и сл.
Примери:
Акционерско друштво.
Пожарникарско друштво.
Културно-просветни друштва.
3.
(само едн.) Лице што придружува, разонодува некого.
Примери:
Во друштво со мене.
Немате друштво за капење.
Јас ќе ти правев друштво под дрвото.
Изведенки
друштвенце ср.
мн. друштвенца
дем.
мн. друштвенца
дем.