а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

егзекуција

мн. егзекуции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12311
1. Извршување смртна пресуда.
Англиски: execution Албански: ekzekutim
Употреба: Правда
Примери:
Егзекуцијата беше извршена наредната недела пред мал број присутни.
Пред егзекуцијата осудениот изјави дека е среќен бидејќи завршува неговата земна агонија.
2. Извршување на судска пресуда; одземање имот на должник.
Англиски: enforcement Албански: zbatim
Употреба: Правда
Примери:
Тестаментот беше јавно прочитан, остануваше да се изврши егзекуција.
3. уништување
Англиски: destruction Албански: rrënim
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тоа не беше ништо друго, туку егзекуција на идејата за брза и лесна заработувачка.