а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ефект

мн. ефекти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1418
1. Резултат од работа, последица од извршување на некакво дејство или процес.
Англиски: effect Албански: efekt
Примери:
Работен ефект.
Очекуваше да го види ефектот на своите зборови.
2. Впечаток предизвикан врз некого или нешто.
Англиски: impression Албански: efekt, përshtypje
Примери:
Не знаеше каков ефект ќе предизвика неговата насмевка.
3. Појава што дејствува врз сетилата (звуци, шумови, светло и др.)
Англиски: effect Албански: efekt
Употреба: Сцена
Примери:
Светлосни ефекти.
Театарски ефекти.