а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жилав

жилави
Вид збор: Придавка
Ранг: 5710
1. Што има жили, што е со истакнати, нагласени жили.
Англиски: tough Албански: dej-dej
Примери:
Грст земја од родниот крај во неговата жилава рака му ја враќа силата и надежта.
2. Што е мускулест, што има развиени мускули.
Англиски: tough Албански: me muskla
Примери:
Таа разговараше со еден крупен и жилав русокос човек.
3. Што е растеглив, што е отпорен на кинење.
Англиски: tenacious Албански: i fortë
Примери:
Газевме по густата и жилава планинска трева.
Месото беше жилаво.
4. Што е здрав, издржлив.
Англиски: resistant Албански: i fortë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е жилав човек.
5. Што е упорен, енергичен, силен.
Англиски: tenacious Албански: i fortë, këmbëngulës
Примери:
Непријателот даваше жилав отпор.