жолтица
Види и:
жолтеница (ж.)
мн. жолтици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8852
1.
(само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот.
Примери:
Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук.
Жолтицата е заразна болест.
Слично со:
хепатит (м.)
2.
златна монета
Примери:
На малечкото масиче до креветот истури цела рака жолтици.
За изградбата на манастирот дедо ми собрал илјада жолтици.