а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завари

заварат; заварил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19216
1. затече, најде, сретне
Англиски: find Албански: takoj
Примери:
Еден ден го заварив пред вратата.
Таму завари само една баба.
Меќавата го заварила во шумата.
2. затече, наследи
Англиски: inherit Албански: gjej, trashëgoj
Примери:
Кога дошла во куќата, заварила две деца од претходниот брак на мажот.
3. Почне да вари.
Англиски: cook Албански: gatuaj, pregatis
Употреба: Гастрономија
Примери:
Завари тиква во котелот.
4. Загори при варење.
Англиски: burn in Албански: digjet
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го мешаше оризот да не завари.
5. (се завари) Почне да се вари.
Англиски: cook Албански: ziej
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го разгоре огнот за побрзо да се завари грнето со грав.
6. Спои делови од метал со силно загревање.
Англиски: weld Албански: saldoj
Употреба: Технологија
Примери:
Ги завари деловите на оградата.