завет
мн. завети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5715
1.
(само едн.) Место заштитено од ветер, дожд и сл.
Примери:
Колибата е на завет.
Запалив оган на завет.
Седна во заветот зад една карпа.
2.
Сигурно, безбедно место.
Примери:
Во овој завет ние бевме сигурни и спокојни за нашите глави.
Слично со:
засолниште (ср.)
3.
Ветување, заклетва, даден збор дека нешто ќе се изврши.
Примери:
Заветот што си го наметна на себеси беше строг.
Не сакаше да го крши заветот.
4.
Желба, молба, порака оставена некому за да ја исполни.
Примери:
Го исполни неговиот завет.
Пред умирачката му остава завет на синот.
Оставил завет да се викаме по презимето на прадедото.
5.
наследство, завештание
Примери:
Книгите му ги остави во завет неговиот учител.
6.
Дел од Библијата.
Примери:
Стариот завет
Изрази
Стар завет - првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството.
Нов завет - новиот христијански дел од Библијата што ги опфаќа евангелијата, делата на апостолите и Посланието.