заглуши
заглушат; заглушил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15818
1.
Со силен шум, врева направи да не се слушаат други гласови, звуци или да не се распознаваат.
Примери:
Неговите последни зборови ги заглуши аплауз.
Нивните гласови ги заглуши истрел.
Шумот од езерото не можеше да го заглуши звукот од камбаните.
2.
Оневозможи, попречи нормално да восприемаат слушните органи.
Примери:
Силниот пискот на локомотивата ми ги заглуши ушите.
Нѐ заглушија гласовите на продавачите.
Слично со:
заглувне (св.)
3.
Потисне, стивне чувство, силно расположение и сл.
Примери:
Остриот прекор го заглуши неговото задоволство.
4.
За растение - едно растение спречи друго добро да се развива.
Примери:
Тревата го заглуши расадот.
5.
(се заглуши) За глас - се изгуби, стане нечуен.
Англиски:
muffle
Албански:
zhurmëmbytës
Нејзиниот шепот се заглушил во болни липања и солзи.
Изведенки
1.
заглушува несв.
(се) заглушуваат
(се) заглушуваат
2.
заглушување ср.
глаг. им.
глаг. им.