а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заговори

заговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29821
1. Почне да говори.
Англиски: talk Албански: bisedon
Примери:
Првпат сега заговорија на таа тема.
Влезе директорот в училница и веднаш заговори.
2. Почне разговор со некого.
Англиски: talk Албански: bisedon
Примери:
Тој ја запре жената и се обиде да ја заговори.
Мислев како ќе постапам ако ми заговореше нешто.
3. Задржи, завртка некого со разговор.
Англиски: hold up Албански: vonoj
Примери:
Децата ме заговорија и јас задоцнив на работа.
4. (се заговори) Се задржи некаде разговарајќи.
Албански: fërgoj
Примери:
Татко му се заговорил со некој човек во чаршијата и си дојде многу доцна.
5. (се заговори) Направи заговор против некого или нешто.
Англиски: conspire Албански: konspiroj
Примери:
Тие се заговориле да молчат и ништо да не кажуваат.
Изведенки
1. заговорува несв.
(се) заговоруваат
2. заговорување ср.
глаг. им.