беседат
Вид збор: Глагол, несвршен
Долго разговара.
Примери:
Тие беседеа со мезе и со пијачка, како да врзуваа некакви кумства.
глаголат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува, разговара
Примери:
Монахот глаголеше молитва.
говорат
Вид збор: Глагол, несвршен
гугнат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично негирано) прозбори, зборне
Примери:
Стоеше така и ни да гугне.
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со зборување.
Примери:
Дозбори и си тргна кон дома.
думаат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува
Примери:
Думај што да правиме.
заговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да говори.
Примери:
Првпат сега заговорија на таа тема.
Почне разговор со некого.
Примери:
Тој ја запре жената и се обиде да ја заговори.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дума.
Примери:
Задума пред насобраните селани.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува.
Примери:
Ниеден не сакаше прв да зазборува.
Задржи некого во разговор, одврати внимание некому од нешто друго.
Примери:
Ти ќе го зазборуваш чуварот, а јас ќе влезам внатре.
(се зазборува) Се занесе во разговор.
Примери:
Многу се зазборувавме и не забележавме кога поминало времето.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави муабет.
Примери:
Двете жени гласно замуабетија.
(се замуабети) Се занесе во муабет.
Примери:
Се замуабетивме и не видовме кога помина полноќ.
заприкажат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прикажува.
Примери:
Ќе заприкаже и се некој ќе го прекине.
заустат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори уста да каже.
Примери:
Заусти да каже, но се прекина.
Вид збор: Глагол, несвршен
зборкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто малку.
Примери:
Зборни нешто, цело време молчиш.
зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик.
Примери:
Детето веќе зборуваше.
Се пројавува, се искажува во нечии постапки, зборови; се гледа, може да се види од нешто.
Примери:
Од неа зборува една длабоко осамена душа.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изназборува)
Примери:
Не можеме да се изназборуваме, не сме се виделе одамна.
(се) конуштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се состане, се виде, разговара со некого.
Турски:
konuşmak
Албански:
zakohet, shihet
Употреба:
Разговорно
Примери:
Се сретнале и се конуштисале за свадбата.
лафат
Вид збор: Глагол, несвршен
разговара
Примери:
Не се лафи така со везири.
наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, назборува многу, сешто.
Примери:
Му наговори сѐ што чул тие денови.
(се наговори) Се изнакаже, се назборува.
(се) наговоруваа
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изнакаже, се назборува.
Примери:
Повеќе од два часа се наговори за својата мака.
надумаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се надума) Се изнакаже, се изназборува.
накажат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже многу нешта, изнакаже, назборува.
Примери:
Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам.
наприкажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наприкаже) Помине подолго време во пријатен разговор, се изнакаже до задоволување.
Примери:
Убаво се наприкажавме, време е за одење.
поговорат
Вид збор: Глагол, свршен
поразговара, позборува
Примери:
Поговори малку со децата и ги испрати на училиште.
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува, разговара со некого малку, кратко време.
Примери:
Си позборуваа за децата.
Вид збор: Глагол, свршен
Позборува малку, некое време.
Вид збор: Глагол, свршен
поразговара
Примери:
Дојди да се видиме и да си помуабетиме.
Вид збор: Глагол, свршен
Разговора малку, кратко време.
Примери:
Новинарите можат да ги сретнат пратениците и да поразговараат со нив.
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе разговор, стапи во разговор со некого.
Примери:
Оди да го поразговориш гостинот.
(се поразговори) Се разговори малку со некого.
Примери:
Седнале и се поразговориле.
предумаат
Вид збор: Глагол, свршен
продума, проговори
Примери:
Не молчи, предумај нешто.
проговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува.
Примери:
Старецот одвај проговори.
мн. прозборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува (по молчење).
Примери:
Ги отвори очите и тивко прозборува.
Проговори, каже, признае под принуда.
Примери:
Осомничениот по два дена прозборува.
(се прозборува) Почне да се зборува.
Примери:
Се прозборува сешто за неа во маалото, но таа се правеше дека не слуша.
проустат
Вид збор: Глагол, свршен
Прозбори, каже нешто.
Примери:
Потстана и проусти плашливо, но доста гласно.
Вид збор: Глагол, несвршен
разговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе разговор, стапи во разговор.
Албански:
bisedon, flet, llafos
Примери:
Да се види и разговори со некоја жена.
Вид збор: Глагол, свршен
се раззборува
Примери:
Многу си се раздумала пред децата.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расправи
Примери:
Се расправа дека ќе дојде и тој.