а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загори

загорат; загори, загорете; загорев, загореа; загорел; загорен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 35968
1. Почне да гори.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Огнот полека загори.
2. Изгори малку, подгори нешто при варење или печење.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Го загоревме бакарданикот.
Мајка ми го загоре млекото.
3. Поцрни, потемни, изгори од сонцето.
Англиски: darken Албански: nxihet
Примери:
Голите раце му загореа од сонцето.
4. Почувствува силна жед или потреба од нешто.
Англиски: crave Албански: digjem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој загорел за вода.
Му загорела душата за едно јаболко.
Изведенки
1. загорува несв.
загоруваат
2. загорување ср.
глаг. им.