а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загребе

загребат; загреби, загребете; загребав, загребаа; загребал; загребан; загребев, загребеа; загребел; загребен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 37332
1. Почне да гребе.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Иглата загреба по грамофонската плоча.
Загребал со ноктите во меката земја.
2. Закачи, допре нешто при движење.
Англиски: scratch Албански: var
Примери:
Малиот рибарски чун загреба до брегот.
Загреба со опинокот по снегот.
3. зачеша
Англиски: scratch Албански: gërvisht
4. заструже
Англиски: scrape Албански: gërvisht
5. (се загребе) Почне да се гребе, да се драска.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Децата се загребаа како мачиња.
Изведенки
1. загребува несв.
(се) загребуваат
2. загребување ср.
глаг. им.