а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гребе

гребат; греби, гребете; гребев, гребеа; гребел; гребен; гребејќи; гребав, гребаа; гребан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5988
1. Драска нешто со нокти или со нешто остро.
Англиски: scratch Српски: гребати Албански: grith, gërvish Бугарски: греба
Примери:
Кучето гребеше по вратата.
Жената го гребеше мажот со ноктите.
2. Симнува нешто од површината.
Англиски: scratch Албански: grith, gërvish
Примери:
Детето ја гребеше налепницата од стаклото.
3. Создава чувство на гребење.
Англиски: scratch Албански: gërvish
Примери:
Грлото ме гребе.
4. (се гребе) Искористува некого; живее на нечиј грб.
Англиски: sponge Албански: gërvishet
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Изведенки
гребење ср.
глаг. им.