зад
Вид збор: Предлог
Ранг: 431
1.
Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто.
Англиски:
behind
Зад ридот се крева густ чад.
Децата се криеја зад тарабите.
3.
За искажување поддршка, поткрепа на некого или на нешто.
Примери:
Се однесува така затоа што знае дека зад него е управниот одбор.
4.
За искажување прикриени, привидни признаци, маскираност.
Примери:
Никој не можеше да насети дека зад милата насмевка на Јана се крие голема болка.
Ретко кој знаеше дека зад ова необично име се крие еден Македонец од Костурско.