а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задача

мн. задачи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 833
1. Определена работа што треба да се исполни, да се изврши.
Англиски: task Албански: detyrë
Примери:
Беше среќен што ја исполни задачата како што треба.
Нејзина задача е да ја пречека колоната и да отвори оган на неа.
Тој никогаш не заборави на задачите што ги беше зел на себе.
2. Нешто што има поширока цел, намена, улога и сл.
Англиски: role Албански: detyrë, rol
Примери:
Партијата има задача да ги воспитува и крева луѓето.
Му објаснуваше во што е задачата и смислата на актерската игра.
Надзорот треба да има и хумана задача.
3. Училишна или домашна работа на ученик што треба да се реши, да се научи.
Англиски: assignment Албански: detyrë
Употреба: Образование
Примери:
Тоа е најлесно решение на задачата.
Секој одмор тој им ги решаваше задачите на другарите.