задушница
мн. задушници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 13304
1.
Црковна служба за помен на мртвите.
2.
Ден определен од црквата за спомен на мртвите.
Примери:
Утре е задушница.
3.
Тоа што се раздава за задуша.
Примери:
Секој празник одеше на гробот и му носеше задушница.