зазабица
мн. зазабици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 40874
Воспаление на венците, обично кај коњите.
Примери:
Коњите ги фати зазабица.
Изрази
(разг., шег.) Фати зазабица - почувствува силна желба да добие, да има при споменување некое јадење или нешто друго.