залог
мн. залози
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12426
1.
Вреден, драгоцен предмет или имот што се заложува за извесно време заради заем во пари.
Примери:
Накитот го даде како залог.
2.
Морална гаранција, уверување дека ќе се изврши определена обврска.
3.
Глаголска категорија, својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство.
Примери:
активен залог
пасивен залог