замеша
Види и:
меша (несв.)
замешаат; замешал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4006
1.
Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта.
Примери:
Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата.
Слично со:
смати (св.)
2.
Вклучи некого во некој непријатен настан, чин, случка и сл.
Примери:
Секретарката го замеша и директорот во нејзините сплетки.
Слично со:
вклучи (св.)
3.
Заплетка некоја работа, ситуација и сл.
Примери:
Тој ја замеша сета оваа работа.
4.
(се замеша) Се приклучи кон некаква група, кон некакво мноштво, маса.
Примери:
Тој се замешал меѓу шетачите на корзото.
Тие се замешаа во луѓето што ја исполнуваа црквата.
5.
(се замеша) Се вклучи, се вмеша во некаков чин, настан, случка и сл.
Примери:
Тој се замеша во разговорот.
Во ограбувањето се замешаа и некои селани.
Слично со:
вмеша (св.)
Изведенки
1.
замешува несв.
(се) замешуваат
(се) замешуваат
2.
замешување ср.
глаг. им.
глаг. им.