а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

занает

мн. занаети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2952
1. Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, машини) од стручно оспособени лица.
Англиски: trade Турски: zanaat Албански: zeje, zanat
Употреба: Економија
Примери:
Ѕидарски занает.
Столарски занает.
Терзиски занает.
2. занимање, професија, струка
Англиски: profession Турски: zanaat Албански: artizanat
Примери:
Мој занает е ткаењето.
Тој е бербер по занает.
3. вештина, умешност, знаење
Англиски: craftsmanship Турски: zanaat Албански: zanat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секоја работа си бара занает.
Изрази
Од занаетот му е - се разбира во работата.
Го испекол занаетот - научил добро да си ја врши работата.