а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

занеми

занемат; занеми, занемете; занемев, занеме, занемеа; занемел; (го) занемив, (го) занемија; (го) занемил; занемен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6252
1. Стане нем, ја изгуби моќта за говор.
Англиски: become mute Албански: hesht, memec
Примери:
Оттогаш таа занеме и никогаш повеќе не прозбори.
2. Престане да зборува, замолчи (од возбуда, страв).
Англиски: become silent Албански: hesht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите занемеа од чудо.
Тој одеднаш застана и занеме.
3. Замолчи некого.
Англиски: silence Албански: hesht
Примери:
Реката ги занемила гласовите.
Тој со два збора го занеми старецот.
4. За глас, звук - замре, молкне, стивне.
Англиски: die down Албански: hesht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Занемеа оргулите во црквата.
Занемеа жабите во блиската бара.
Изведенки
1. занемува несв.
занемуваат
2. занемување ср.
глаг. им.