запраша
запрашаат; запрашал; запрашан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1591
1.
Постави прашање некому.
Примери:
Од каде си ти? - го запраша старецот.
Како се случило тоа? - запраша.
Слично со:
праша (св.)
2.
Праша некого за нешто, во врска со нешто.
Примери:
Ја запрашав девојката каде се наоѓа школото.
Tој ме запраша како си поминав на одмор.
3.
Почне да прашува.
Примери:
Штом го видоа, веднаш го запрашаа за случката.
Слично со:
распраша (св.)