запрета
запретаат; запретал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8455
1.
Покрие, посипе жар, оган или нешто да се пече.
Примери:
Таа го запрета огнот со пепел и си легна.
Ги запрета компирите во топлата пепел.
2.
Покрие нешто со земја, песок, снег; исполни дупка со земја.
Примери:
Костењето ги запретаа да траат подолго.
Ја запрета дупката на патот.
Спротивно од:
отпрета (св.)
4.
(се запрета) Се покрие, нафрли на себе нешто.
Примери:
Децата се запретале во една копа сено.
5.
За кокошка или птица - почне да прета, да распретува со нозете.
Примери:
Кокошките запретаа во ѓубрето барајќи нешто да колвнат.
7.
Почне да се буни, да се противи.
Примери:
Запрета малку, но брзо го замолчивме.
Изведенки
1.
запретува несв.
(се) запретуваат
(се) запретуваат
2.
запретување ср.
глаг. им.
глаг. им.