влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се влече) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Албански:
zvarritem, lëvizë
Примери:
Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат.
движат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува.
Албански:
lëviz, vë në lëvizje
Примери:
Водата го движи воденичкиот камен.
Мрда, помрднува дел од телото.
Примери:
Ги движи прстите.
Доведува нешто во движење, насочува движење.
Примери:
Ги движи своите дивизии кон исток.
(се движи) Врви, оди во некаква насока.
Примери:
Лекарот му препорача да се движи.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да движи.
Примери:
Надојдената вода ги задвижи воденичките камења.
Почне да движи, да мрда нешто.
Примери:
Ги задвижи прстите.
(се задвижи) Почне да се движи.
Примери:
Нејзините малечки ножиња брзо и лесно се задвижија во тактот од музиката.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да клацка.
Примери:
Силниот ветар ги заклацка дрвените капаци на прозорците.
замрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрда.
Албански:
fillon të lëviz
Примери:
Таа ги замрда прстите.
(се замрда) се мрда
Примери:
Се замрдаа гранките на дрвјата од силниот ветер.
запретаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне да мрда со нозете.
Примери:
Тој запрета со нозете.
заселат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сели некого или нешто.
Албански:
shpërngul, zhvendos
Примери:
Тие го заселија мебелот од старата во новата куќа.
(се засели) Почне да се сели.
Примери:
Ластовичките се заселија на југ.
засноват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се движи во разни правци.
Примери:
Околу селото засноваа потери.
изместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измести) Се помести од своето претходно место.
Албански:
lëvizë nga vendi
Примери:
Торбата му се измести од колената.
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне, помести од своето вообичаено место.
Албански:
lëviz, luaj vendit
Примери:
Малку ја измрда масата накај прозорецот.
иселат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да го напушти местото на живеење.
Примери:
Полицијата ги исели диво вселените граѓани од зградата.
местат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мести) де преместува
Примери:
Се местеше од едниот кревет на другиот.
мрдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави кратки движења со нешто.
Примери:
Мрда со рацете.
се поместува; се преместува
Примери:
Не мрдам одовде.
Преместува, поместува нешто.
Примери:
Не мрдај го столот.
(се мрда) се движи, се преместува
Примери:
Устата ѝ се мрда, но глас не се слуша.
мрднат
Вид збор: Глагол, свршен
се помести
Примери:
Не смее да мрдне.
Помести, премести нешто.
Албански:
lëvizë, zhvendos
Примери:
Мрдни го столот. Ја мрдна стрелката на часовникот.
(се мрдне) се премести, се помести
Албански:
lëvizem, zhvendosem
Примери:
Не сакаше да се мрдне од место.
мрткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрда по малку.
Примери:
Јазичињата нивни мрцкаа.
нишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ниша) Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува.
Албански:
lëkundet, luhatet
Примери:
Под стреата се нишаа низи суви пиперки.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За превозни средства - се движи.
Примери:
Автобусот одеше полека поради мразот.
Во некои игри (шах, карти) - е според правилата; на потег.
Примери:
Топот оди неограничено вертикално и хоризонтално.
Со начинско значење, се движи некако.
Примери:
Оди брзо.
патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За превозно средство - се движи.
Примери:
Бродот патува накај Австралија.
Вид збор: Глагол, свршен
Измести малку, донекаде.
Примери:
Го подизмести ременот на пушката што го притискаше на рамото.
(се подизмести) Се измести малку, донекаде.
Примери:
На места штиците и прачките се подизместиле.
Вид збор: Глагол, свршен
Премести нешто малку во просторот, потргне нешто од некаде.
Примери:
Подмести го столчето под сенка.
(се подмести) Се премести малку во просторот.
Примери:
Таа се подмести подалеку од него.
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне малку, сосема малку.
Примери:
Мајсторот ја подмрдна малку полицата, колку да влезе во жлебот.
(се подмрдне) Се мрдне, се помести малку, сосема малку.
Примери:
Тој се подмрдна да ѝ направи место на жената да седне.
Вид збор: Глагол, свршен
Исели малкумина, во некаков број.
Албански:
shpërndaj, shpërngul
Примери:
Дел од децата поиселија во други земји.
Исели многумина, во голем број, сите.
Албански:
shpërngul, shpërndaj
Примери:
Новиот режим поисели цели семејства.
помрднат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне малку од местото за извесно растојание.
Албански:
lëvizë, zhvendos
Примери:
Дали има некакви сигнали дека ќе се помрднат работите од мртвата точка.
(се помрдне) Се мрдне малку малку од местото за извесно растојание.
Албански:
lëvizë, zhvendos
Примери:
Тој не се помрдна од местото ни за милиметар.
Вид збор: Глагол, свршен
Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку.
Примери:
Стана да ги пораздвижи нозете.
(се пораздвижи) Се раздвижи малку, донекаде или уште малку.
Примери:
Доста седиш, треба да се пораздвижиш малку.
Вид збор: Глагол, свршен
Размрда, раздвижи малку, донекаде.
Примери:
Утринската прошетка го поразмрда и го освежи.
потечат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се движи во мноштво, во маса.
Примери:
Тогаш ја виде реката од луѓе што потече кон плоштадот.
потргаат
Вид збор: Глагол, свршен
потргне
Примери:
Таа му ја потргна раката.
потргнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потргне) Се помести, се премести малку, се подистави.
Примери:
Ве молам, потргнете се прозорецот.
поттргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, помести, придвижи малку.
Албански:
tërheq, zhvendos, lëvizë
(се поттргне) Се тргне, се помести малку, во мала мера.
Албански:
tërhiqem, zhvendosem
Примери:
Се поттргна налево.
преместат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе нешто од едно место на друго, промени место.
Албански:
shpërngul, mbart
Примери:
Го преместил каменот од меѓата.
Одреди некому работно место.
Албански:
ndërron vendin e punës
Примери:
Ја преместија од книговодство во правната служба.
преселат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени место на живеење, се насели на друго место.
Примери:
Се пресели во друга куќа.
претаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава знаци на живот.
Примери:
Удираше по нив сѐ додека претаа.
Вид збор: Глагол, несвршен
префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести на друго место, смени место.
Албански:
hedh, transferoj
Примери:
Ме префрлија на друго работно место.
(се префрли) Се премести од едно место на друго.
Примери:
Се префрли во друг вагон.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрда обично по определен прекин.
Албански:
fillon të lëviz
Примери:
Бебето промрда во сонот.
Мрда малку.
Примери:
Промрда на местото каде што седеше, но не стана.
(се промрда) Се раздвижи, прошета малку.
Примери:
Се промрда до блиската продавница.
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздвижи) Почне да се движи.
Албански:
fillon të lëviz
Примери:
Се раздвижија луѓето.
размрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
раздвижи
Албански:
lëvizë, luaj vendit
Примери:
Размрдајте ги малку нозете.
(се размрда) Се раздвижи, почне да мрда.
Примери:
Размрдајте се малку надвор.
раселат
Вид збор: Глагол, свршен
Засели на разни места.
Примери:
Ги раселија по селата на планината.
Вид збор: Глагол, несвршен
раскршат
Вид збор: Глагол, свршен
За снага, раце и нозе - раздвижи, размрда.
Примери:
Раскрши ја малку снагата.
(се раскрши) се раздвижи, се размрда
Примери:
И јас малку да се раскршам.
селат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пренесува на друго место на живеење, преселува.
Примери:
Присилно ќе го селат од старата куќа.
(се сели) Поминува на друго место на живеење, се преселува.
Примери:
Кога ќе се селиме, ќе ве викнеме да ни помогнете.
тегнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди во одреден правец.
Примери:
(нар. поез.) Право тегнат в града Манастира.
тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
Движи, тера да работи.
Примери:
Водата од јазот ја тера воденицата.
тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истави, фати од определено место.
Примери:
Тргни го од масава тенџерево зашто ми пречи.
шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да биде во мирување.
Примери:
Нешто шавна во сламата.