запрска
запрскаат; запрскал
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Почне да прска со вода или со друга течна материја.
Примери:
Го намести цревото на чешмата и запрска вода по цвеќињата и тревникот.
Од раната запрска крв на сите страни.
Слично со:
прска (несв.)
2.
Полие со вода или со друга течност.
Примери:
Таа ги запрска децата со крстена вода.
3.
Почне да произведува, да испушта звуци на потпукнување при горење, кршење и сл.
Примери:
Сламата запрска од силниот оган.
4.
треска, прска, експлодира
Англиски:
explode
Албански:
shpërthej, pëlcas
Запрскаа бомби на сите страни.
Слично со:
затреска (св.)
Изведенки
запрскува несв.
запрскуваат
запрскуваат