а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засити

заситат; заситил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12444
1. Насити, задоволи потреба предизвикана од глад, од жед.
Англиски: fill Албански: mbush
Примери:
Тој го засити гладот, па легна да се одмори.
2. Задоволи некаква внатрешна потреба, желба и сл.
Англиски: satisfy Албански: kënaq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето брзо го засити своето љубопитство.
3. Содржи нешто, се исполни со нешто во поголема количина.
Англиски: saturate Албански: mbush
Примери:
Воздухот беше заситен од мирисот на липите.
Растворот е заситен со вештачки бои.
4. (се засити) Се насити, се задоволи со храна.
Англиски: fill Албански: mbush
Примери:
Гостите се заситија од печеното прасе.
5. (се засити) се пренасити
Англиски: saturate Албански: mbush
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа се засити од многуте филмови што ги гледаше дури лежеше болна.
Изведенки
1. заситува несв.
(се) заситуваат
2. заситување ср.
глаг. им.