заснове
засноват; заснови, засновете; засновав, заснова, засноваа; засновал; заснован; засновев, засновеа; засновел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12177
1.
Постави (мислење, тврдење, план за нешто) врз определена основа, врз докази, факти и сл.
Примери:
Весникот го засновал своето тврдење врз потврдени факти.
Слично со:
втемели (св.)
2.
(се заснове) Има основа, се темели врз нешто.
Примери:
Принципот на солидарност се засновува врз желбата за поправедно општество.
4.
Почне да се движи во разни правци.
Примери:
Околу селото засноваа потери.
5.
(се заснове) Почне да разодува, да се мота некаде.
Примери:
Тој се заснова низ дворот.
Изведенки
1.
засновува несв.
(се) засновуваат
(се) засновуваат
2.
засновување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
заснова несв.
(се) засноваат
(се) засноваат
4.
засновање ср.