а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засолне

засолнат; засолни, засолнете; засолнав, засолнаа; засолнал; засолнат; засолнев, засолнеа; засолнел; засолнет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3590
1. Скрие, стави нешто некаде.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Таа го засолни накитот на сигурно место.
Тој засолнал пари на скришно место во црквата.
2. Покрие, заштити нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Таа си го засолна лицето од сонцето со сламена шапка.
3. Даде, овозможи засолниште некому.
Англиски: shelter Албански: strehim
Примери:
Колибата нѐ засолна од силното невреме.
Стреата ги засолна за кратко, децата, од летниот дожд.
4. Скрие, попречи видик.
Англиски: obscure Албански: fsheh
Примери:
Навлечените завеси ми го засолнаа погледот.
5. (се засолне) Се скрие некаде.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Тие се засолнаа во скривницата.
Тој се засолна во врбјакот.
6. (се засолне) Се прикрие зад некого или зад нешто.
Англиски: cover Албански: fsheh
Примери:
Таа се засолна зад дрвото покрај патот.
Тој се засолна зад селанецот што стоеше пред него.
Можам ли да влезам и да се засолнам од дождов?
Изрази
Засолни глава - се скрие, најде засолниште.
Изведенки
1. засолнува несв.
(се) засолнуваат
2. засолнување ср.
глаг. им.