а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покрие

покријат; покриј, покријте; покрив, покрија; покрил; покриев, покриеја; покриел; покриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1524
1. Стави нешто врз некого или врз нешто со цел да се заштити, да се засолне, да се зачува.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Таа го покри детето со волнено ќебе.
Тој со дланка си ја покрил устата.
Покриј го лебот за да не се суши.
2. Засени, скрие од поглед.
Англиски: shade Албански: mbuloj
Примери:
Небото го покрија темни облаци.
Сенката од шапката му го покриваше лицето.
Еден облак го покри сонцето.
3. Стави покрив.
Англиски: thatch Албански: mbuloj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Тие ја покрија куќата за два дена.
Денес ја покривме куќата.
4. Исполни, прекрие цела површина.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Густа магла го покри полето.
Снегот ги покри планините.
5. Опфати целосно определена територија, средина со некакво влијание, дејност (политичка, образовна, културна, спортска, трговска, итн.)
Англиски: cover Албански: mbuloj, përfshij
Употреба: Административен термин
Примери:
Две учителки ја покриваат целата општина.
6. Подмири трошоци
Англиски: cover Албански: mbuloj
Употреба: Економија
Примери:
Јас ќе ги покријам сите трошоци за неговото лекување.
7. прекрие
Англиски: cover Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бледило ѝ го покри лицето.
Лицето му го покри руменило.
8. Заглуши, надгласи со повисок звук.
Англиски: drown Албански: përmbys, shuaj
Примери:
Нејзиниот силен глас ги покри сите гласови во хорот.
Силен џагор ја покрил нејзината песна.
9. Скрие, прикрие, направи да не се знае за нешто (мана, вина, грешка, итн.)
Англиски: cover Албански: fsheh, mbuloj
Примери:
Таа ја покри срамотата.
Тие го покрија убиството.
10. Се постави кај противничкиот играч за да му пречи.
Англиски: shield Албански: pengoj
Употреба: Спорт
Примери:
Него го покрија двајца играчи во првото полувреме.
11. (во шахот) Заштити, брани една фигура со друга.
Англиски: cover Албански: mbroj
Примери:
Топот го покри коњот да дојде до тоа поле.
12. (се покри) Се засолни, се заштити себеси со некакво средство (чаршаф, покривка).
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Детето се покри преку глава со ќебето.
Изведенки
1. покрива несв.
(се) покриваат
2. покривање ср.
глаг. им.