а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затишие

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 17496
1. Состојба на привремен прекин на фронт - привремено смирување на борбите.
Англиски: silence Албански: heshtje, pushim
Употреба: Воен термин
Примери:
Привидно затишје.
Владееше затишје на целиот фронт.
2. Состојба на привремен прекин на ветар, дожд, бура - смалување на интензитетот на природната појава.
Англиски: hush Албански: pushim, qetësim
Примери:
По два дена невидено невреме настапи затишје.
Ветрот стивна, завладеа затишје.
3. За дејност, работа - смалување на интензитетот на работата.
Англиски: slow down Албански: heshtje, pushim
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Во издавачката дејност владее затишје.
Изрази
Затишје пред бура - привремено, лажно смиирување пред да избувне немир, невреме.
Изведенки
затишје ср.