затруе
Види и:
труе (несв.)
затрујат; затруј, затрујте; затрув, затруја; затрул; (ќе) затруев, (ќе) затруеја; (ќе) затруел; затруен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26324
1.
Направи нешто да биде отровно.
Примери:
Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата.
Излеаната нафта во морето ги затру рибите.
2.
Даде некому нешто (храна, пијалак) отровно.
Примери:
Ги затруле децата со сладолед.
Соседите ни го затруја кучето.
3.
Изврши негативно влијание, наведе на погрешно мислење.
Примери:
Новиот во зградата ги затру односите меѓу соседите.
Слично со:
расипе (св.)
4.
(се затруе) Земе, прими нешто отровно.
Примери:
Се затру од водата во бунарот.
Изведенки
1.
затрува несв.
(се) затруваат
(се) затруваат
2.
затрување ср.
глаг. им.
глаг. им.