а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

труе

трујат; труј, трујте; труев, труеја; труел; труен; труејќи; труења; трув, труја; трул
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6292
1. Убива со отров.
Англиски: poison Албански: helmon
Употреба: Медицина
Примери:
Труе глувци, кучиња и сл.
2. (за алкохол, тутун) Нанесува штета на организмот.
Англиски: damage Албански: dëmton
Употреба: Медицина
Примери:
Кој многу пие, си го труе организмот.
3. Загадува, заразува со отров.
Англиски: pollute Албански: helmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Труе воздух, атмосфера.
Труе бунари.
4. Причинува голема мака, страдање, нанесува душевна болка.
Англиски: torment Албански: mundim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ми го труе животот.
Ми ја труе душата.
5. (се труе) Си штети себеси.
Англиски: poison Албански: dëmtoj
Употреба: Медицина
Примери:
Самиот себеси се труе.