а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зацепи

зацепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да цепи дрва.
Англиски: split Албански: çajë
Примери:
Tој си укна во рацете и зацепи од дрвата.
2. Направи зацеп.
Англиски: split Албански: çarje
Примери:
Шумарот зацепи еден голем зацеп на трупецот.
3. Тргне, фати насока.
Англиски: run Албански: niset në një drejtim
Употреба: Разговорно
Примери:
Детето зацепи се во еден правец.
Изведенки
1. зацепува несв.
зацепуваат
2. зацепување ср.
мн. зацепувања
глаг. им.
Пример: Со неколку зацепување го исече дебелото стебло.