акнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри силно.
Примери:
Фидан го акна кучето со еден стап.
втрештат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, истепа, убие (обично за гром).
Примери:
Куќата ја втрешти гром.
забиберат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, натепа
Примери:
Му забиберил една во стомакот.
Вид збор: Глагол, свршен
(се зачука) Се удри во нешто (поради невнимание).
Примери:
Гледајќи во торбичето детето се зачука во бандерата.
Вид збор: Глагол, свршен
Силно удри некого, нанесе силна болка.
Примери:
Го исуши по рака.
клепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресне некого.
Примери:
Со слободната рака го клепна по глава како со пиралка.
мавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, зададе удар.
Примери:
Го мавна со тупаница по лицето.
(се мавне) се удри
Примери:
Човекот силно се мавна со раката по чело.
опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тупне, перне некого.
Примери:
Не сакајќи, го опна со лактот по главата.
оптегарат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресне со нешто.
Примери:
Ако те оптегарам со ластегаркава по тилот, сите ѕвезди ќе ги видиш!
пеплосаат
Вид збор: Глагол, свршен
погоди, стане блед
Примери:
Му го реков тоа и го пеплосав.
пернат
Вид збор: Глагол, свршен
удирање, чукање, трескање
Албански:
godas, trokas, përplas
Примери:
Ќерамидата го пернала по глава
Вид збор: Глагол, несвршен
погодат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри во целта, во некого, во нешто при гаѓање, фрлање и сл.
Примери:
Куршумот го погоди прозорецот.
Се случи, снајде некого нешто.
Примери:
Скопје беше погодено од силен земјотрес.
Предизвика кај некого силна емоција, силно засегне, потресе некого.
Примери:
Смртта на мајката силно го погоди.
поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресна, закачи некого.
Примери:
Тој малку го поткачи со чадорот.
распердашат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, лупне
Примери:
Кога го распердаши, ги виде ѕвездите.
(се распердаши) Почне да удира.
ргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(’рга) удира, опнува
Примери:
Немој да го ’ргаш, зашто ако те фатам.
Вид збор: Глагол, несвршен
репнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, лепне, залепи, шлакне
Примери:
Ама ме репна!
репнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
рогаат
Вид збор: Глагол, несвршен
удира, бие, шиба, ’рга
Примери:
Ја рога силно топката.
рогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри силно, шибне.
Примери:
Многу силно ја рогна топката.
светнат
Вид збор: Глагол, свршен
жегне, удри
Примери:
Кога ме светна, ги видов сите ѕвезди.
стрефат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри точно во нешто; најде нешто или некого случајно.
Примери:
Фрли и го стрефи
стрештат
Вид збор: Глагол, свршен
За гром, молња - удри, тресне.
Примери:
Ако сум грешник, нека ме стрешти рофја.
трескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
треснат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Силно удри.
Примери:
Тресне некого.
За грмотевица, удри.
Примери:
Се исплашив зашто многу силно тресна грмотевицата.
трештат
Вид збор: Глагол, свршен
Удира, погодува, спалува (за гром).
Примери:
Да те трешти (клетва)!
бега
Примери:
Трешти да бега.
Вид збор: Глагол, несвршен
удри
Примери:
Што ме удираш?
(се удира) се удри
Примери:
Се удираше по челото.
удрат
Вид збор: Глагол, свршен
тресне, лупне
Српски:
ударати
Албански:
godas
Бугарски:
удрям
Примери:
Ја удри вратата.
Мавне, нанесе удар.
Примери:
Го удри со кундакот во грбот.
(за болест, болка, мака) погоди
Примери:
Го удри дамла.
(се удри) се мавне
Примери:
Се удри со раката по колено и стана.
Вид збор: Глагол, несвршен
фукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
фукнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, мавна, бутна
Примери:
Го фукна силно по вилици.
(се фукне) Се удри, се мавна.
Примери:
Ама се фукнав.
цакнат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) удри, мавне, тресне
Примери:
Го цакнал малу момченцето.
чукнат
Вид збор: Глагол, свршен
удира, забива
Примери:
Чукни му уште една шајка.
(се чукне) се удри
Примери:
Се чукнав од каменон.
шибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шиба) се шибне, се удри
шибнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри силно со нога, со тупаница, со нешто в рака; со нешто еластично.
Примери:
Го шибна в слабина.
шлакнат
Вид збор: Глагол, свршен
удира
Примери:
Кога го шлакна еднаш!
(се шлакне) Се удира со дланка себе си.
Примери:
Често знаше да се шлакне по ногата.